Со педесет и четири точки на дневниот ред, доцна попладне заврши педесет и деветтата седница на советот на Општина Охрид. На седницата преовладуваа полугодишните извештаи за работата на општинските служби и јавните претпријатија, како и предлгог одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во охридските училишта.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/48_sednica_4853.jpg)
Посебно внимание привлече точката од дневниот ред за давање согласност на Одлуката за усвојување на планот за поделба на МЈП “Проаква“ со издвојување и со основање на нови друштва. Советниците ја усвоија одлуката со 15 гласа ЗА и 4 ВОЗДРЖАНИ, со назначување дека на наредната седница ќе биде усвоен посебен заклучок кој ќе биде доставен до Владата на Република Македонија, а во кој се предвидува новото јавно претпријатије кое ќе стопанисува со колекторот да биде во државна сопственост.
Извор: www.ohrid.gov.mk |