Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ ОХРИД- ВОДИЦИ 2015“
Untitled Document

Во организација на Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија од Скопје, во соработка со МИРАС-Организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот за аудио-визуелни уметности–ЕСРА и Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје и со подршка на општина Охрид, денеска во „ Куќата на Уранија“  започна дводневна Меѓународна конференција посветена на заштита на културното наследство, локалниот економски развој, туризмот и медиумите.

Конференцијата на која учествуваат 75 експерти од 14 земји, ја отвори заменик градоначалникот Ангел Јанев.

-Ви упатувам искрена благодарност за изборот на темите за кои ќе дебатирате бидејќи тие се директно поврзани со приоритетите за развој на Охрид како културен и туристички центар.Локалната  самоуправа има изготвени стратегии  за локален економски развој, алтернативен  и рурален туризам, а  ги имплементира и другите стратегиии донесени на државно ниво, особено во областа на заштитата на културното и природното наследство- рече заменик градоначалнико Ангел Јанев.

Проф. д-р Рубин Земон кој е претседател на Програмскиот комитет за организација на конференцијата информираше дека во рамки на научните сесии ќе бидат презентуирани 63 реферати од областа на културното наследство, локалниот економски развој, туризмот и медиумите.

-Конференцијата е составена од осум сесии и има многу интересни теми. Пред се значајни за Охрид се рефератите за културното наследство и како истото да биде употребено во делот на туризмот, како и темите за локалниот економски равој во оние средини кои имаат потенцијал и каде што наслението може да добие економски бенефит, изјави Земон.Тој истакна дека од година во година се повеќе расте интересот на научната јавност за учество на оваа конференција.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1333  пати
Објавено на: 17.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©