Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОШАРКАРСКИ ТУРНИР ВО МЛАДИНСКИ КАТЕГОРИИ ВО СПОРТСКАТА САЛА "БИЉАНИНИ ИЗВОРИ"
Untitled Document

Во спортската сала ‘’Билјанини Извори’’, денес се  се одржа летен турнир во кошарка во младински категории.

Турнирот е во организација на КК. Колибри - Oхрид во соработка со Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ - Охрид, а под покровителство на Локална самоуправа Охрид.
На Турнирот зедоа учество околу 150 деца од Охрид, Кичево, Кавадарци и Струга.
На настанот, во име на градоначалникот на град Охрид  Д-р. Никола Бакрачески се обрати в.д. Директорот на Ј.П. Билјанини Извори – Охрид Иванчо Цветкоски. Цветкоски нагласи дека денешниот настан е дел од  стратегијата на јавното претпријатие и на локалната самоуправа за развој на спортот, пред се развој на младите.

Настанот е со тенденција да прерасне во традиција.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 01.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©