![](pictures/16_11_2018_VESNIKOU_2.jpg)
Учениците од литературната секција при ОУ „Св. Климент Охридски“ денеска беа во посета на општина Охрид и го интервјуираа градоначалникот Јован Стојаноски. Интервјуто целосно ќе биде објавено во годинешното пообемно издание на училишниот весник што ќе се издаде по повод 120 години од постоењето на оваа образовна институција.
![](pictures/16_11_2018_VESNIKOU_1.jpg)
Градоначалникот Стојаноски во разговорот со учениците се присетува на своите училишни денови во ова охридско училиште , а покрај неговиот текст кратки разговори ќе бидат објавувани и со останати охриѓани кои учеле таму.
![](pictures/16_11_2018_VESNIKOU_3.jpg)
|