Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
7-мо НОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО БАСКЕТ ВО СРЦ „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“
Untitled Document

СРЦ Билјанини Извори – Охрид, по повод чествувањето на 7 – ми Ноември, како ден на ослободувањето на град Охрид, од оваа година започнува една нова традиција, организирање на турнир во баскет 3 x 3.


Турнирот ќе биде одлична можност за сите вљубеници во најпопуларниот рекреативен спорт на планетата со повеќе од 250 милиони играчи ширум светот, да им даде можност на сите „баскетџии“ од Охрид, Струга и пошироко, да  покажат што научиле од одиграните партии баскет.


Сите заинтересирани треба да состават своја екипа 3+1 (играч), да пополнат апликација за учество и да уплатат котизација во висина од 1.000 денари по екипа на жиро с-ка 530000200889310 Охридска Банка АД Охрид.


Пријавувањето на екипите и подигнувањето на апликација може да се врши во просториите на ЈП Билјанини Извори – Охрид или на e-mail: biljaniniizvori@gmail.com, facebook : Ј.П. Билјанини Извори – Охрид  и на веб страната на општина Охрид од 25.10 - 03.11.2014 година.

За најуспшните три екипи обезбедени се вредни парични награди од страна на главниот покровител на настанот Општина Охрид, организаторот на турнирот ЈП Билјанини Извори и од собраните средства од котизација.

Апликација (word формат)

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1315  пати
Објавено на: 22.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©