![](http://ohrid.gov.mk/pictures/PoplaviI_11_11_2015_4852.jpg)
Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување и надлежните служби и јавните претпријатија, денеска ги посети поплавените подрачја и направи увид на на зафатите за итно санирање на критичните места.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/PoplaviI_11_11_2015_4855.jpg)
-Имаме сериозини последици од обилните врнежи кои ноќеска паднаа од 90 до100 литри на метар квадратен. Штети има на неколку локации во градот и во селата.На улицата „ Железничка“ има поплавени куќи веднаш под патот, кои се под вода поради ниската положба на земјиштето и малиот капацитет на одводните канали кои ја дренираат водата од поголемите канали кај реката „ Грашница“ .
Сериозни проблеми со одрони од камења и свлечишта има во селото Велгошти кај училиштето каде е наведнат потпорен ѕид и има една бандера која е наведната и има опасност од прекин на електрична енергија.Екипи од јавните претпријатија „ Охридски комуналец“ и „ Нискоградба равботат“ на отстранување на оваа локација.
На потегот од хотелот „ Метропол“ до центарот на Пештани има наноси.Има поголем нанос кај населбата „ Елешец“ каде екипи на „ Македонија пат“ РЕ „ Водовод“- Охрид работат на расчистување на свлечиштето и ги отстрануваат наносите во центарот на Пештани..
Поплавени се и повеќе куќи во населбата „ Далјан“ и на улиците „ Стив Наумов“ ,Абас Емин“ и „ Дејан Војвода“, каде години наназад има поплавување при поголеми врнежи- рече градоначалникот Никола Бакрачески.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/PoplaviI_11_11_2015_48511.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/PoplaviI_11_11_2015_48510.jpg)
Екипи на локалната самоуправа со екипи од јавните претпријатија и противпожарната единица ги користат сите човечки ресурси и се ангажирани за да се отстранат последиците од невремето.Градоначалникот Бакрачески ги повика и приватните компании кои имаат механизација да помогнат за справување со оваа елементарна непогода.Дополнително, како што рече градоначалникот Бакрачески, ќе се вршат проценки на штетите, а сега најважно да се санираат критичните места како превенција од евентуални нови обилни врнежи.Каналите, како што беше речено, се чистени пред и по завршување на летото, но големите дождови и покрај расчистувањето ноќеска, не можеа да ја поднесат сета вода од врнежите.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/PoplaviI_11_11_2015_4851.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/PoplaviI_11_11_2015_4854.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/PoplaviI_11_11_2015_4853.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/PoplaviI_11_11_2015_4856.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/PoplaviI_11_11_2015_4857.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/PoplaviI_11_11_2015_4858.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/PoplaviI_11_11_2015_4859.jpg)
Извор: www.ohrid.gov.mk |