Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ЧАНКАЈА ВО ПОСЕТА НА ОХРИД
Untitled Document

Делегација од општина Чанкаја, Турција, предводена од директорот за надворешни работи, Етхем Торуноглу, денес, беше во посета на општина Охрид. Делегација оствари работна средба со заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

На средбата се разговараше за остварување соработка во повеќе области меѓу кои туризам и потенцијални инвестиции на турски компании во Охрид. Во областа на туризмот, се договори соработка помеѓу двете општини за туриситичка промоција на Охрид во, Анкара на која ќе присуствуваат повеќе туристички агенции и тур оператори. Во областа на културата, се разговараше за настап на фолклорен ансамбал од Чанкаја, на некој од фолклорните фестивали кои се одвиваат во текот на летниот период во Охрид.
Во чест на независноста на Македонија, општина Чанкаја, на 8. Септември свечено ќе отвори парк кој ќе го носи името Македонија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1305  пати
Објавено на: 25.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©