Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИНИЦИРАНА СОРАБОТКА МЕЃУ ОХРИД И КОПЕР
Untitled Document

Вршителот на дожност градоначалник Константин Георгиески и секретарот Игор Бежоски  денеска имаа средба со проф. д-р  Драган Марушиќ, ректор на Приморскиот универзитет во Копер од Словенија и Силвана Шопоска од неговиот  ректорски кабинет.

На средбата,  професорот Марушиќ рече дека Приморскиот универзитет, во кој има девет факултети, иницирал покрај академската да се воспостави и поблиска соработка меѓу Охрид и Копер како развиени туристички центри. Во рамките на посетата, делегацијата имаше работна средба и во Факултетот за туризам и угостителство.   

Прочитано:  306  пати
Објавено на: 12.03.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©