Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА ОХРИД И ГРАД МОСТАР
Untitled Document

Во правец на промовирање и јакнење на пријателските врски помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, со цел воспоставување и продлабочување на соработката помеѓу двата градови, изразувајќи подготвеност за развивање и јакнење на врските помеѓу двата народи во рамките на законите на двете држави и градови, е само дел од заедничкиот договор што денес во општина Охрид, го потпишаа градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и во име на градоначалникот на Мостар, Радмила Комадина, директор на административната градска управа.

Контактите се воспоставени од порано, со средби на делегации од Охрид и Мостар во други збратимени градови и оттука е идејата да се промовираат и продлабочуваат врските меѓу Охрид и Мостар. Со оглед дека делиме заедничко минато, а двете држави тежнеат кон заедничко евро атланско асоцирање, веруваме дека и иднината може да ни биде заедничка и во интерес на двата града и граѓаните. Важно е што можеме сега заеднички да планираме и имплементираме проекти од интерес за двата града пред ЕУ фондовите, истакна градоначалникот Стојаноски.

Со потпишувањето на меморандумот, двата града кои се под заштита на УНЕСКО, ја потврдија намерата заедно и истрајно да делуваат  во областа на заштитата  и промоцијата на своето природно и културно наследство, со размена на искуства во унапредувањето на јавната свест за значењето  на статусот на листата на УНЕСКО.

Пред потпишувањето на овој договор имавме повеќе средби и меѓу кои беше и потпишувањето на договорот за соработка помеѓу града Охрид, Дубровник, Котор и Мостар, како градови под заштита на УНЕСКО. Со потпишувањето на овој документ започнување нова етапа за конкретизирање на меѓусебната соработка во сите области од заеднички интерес, рече Радмила Комадина.

Заедничка беше констатацијата дека со потпишувањето на овој договор се отвора широк хоризонт за јакнење на искрените и пријателски врски на двата града и нејзините граѓани.

Прочитано:  421  пати
Објавено на: 13.07.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©