Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА И КОНЦЕРТ НА ДАУТОВСКИ УТРЕ ЗАВРШУВААТ СВЕЧЕНОСТИТЕ ВО ЧЕСТ НА СВ. КЛИМЕНТ
Untitled Document

Со низа активности, утре завршуваат свеченостите по повод Св. Климент охридски- Патронот на Охрид.

Утре наутро  со почеток во 9.30 часот, предвидено е   Поклонение пред моштите на Св. Климент Охридски  во Светиклиментовата црква  на Плаошник. Час подоцна ќе биде положено цвеќе пред  споменикот на Св. Климент Охридски во дворниот простор на истоименото основно училиште.

Во 11.15 часот во  изложбен салон  при Центарот за култура „ Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата   на отпечатоци на уметнички дела од  австралиски уметници.  Изложбата е насловена  како „Богатството на духот“а организатор на истата е   Амбасадата на Австралија во Белград.

Точно напладне, претставници од локалната самоуправа, странски  делегации, претставници од политичките партии и охриѓани, на градскиот плоштад  ќе положат цвеќе пред  споменикот на Св. Климент Охридски.

Во 19 часот  во галеријата при  Центар за култура „ Григор Прличев“,  ќе биде отворена изложбата  на дела од роднокрајни ликовни уметници .

Централното случување на годинешните прослави посветени на Св. Климент- заштитникот на Охрид е свечената академија закажана за 19.30 часот во ЦК “Гигор Прличев“
Во чест на Св. Климент во рамки на академијата пригодно обраќање ќе има градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Предвидено е и доделување на највисоките општински признанија, Светиклиментовата награда  и повелба на годинешните  добитници ,  уметникот Јордан Манасиевски  и постхумно  на семејството  од  фолклористот  Слободан Крлески. Пред присутните на академијата ќе се обрати и годинешниот  добитник на Климентовата награда , уметникот Манасиевски.  Манифестацијата ќе биде збогатена  со културно-  уметнички перформанси.

На задоволство на охриѓани и гостите годинешните чествувања посветени на Св. Климент Охридски во рамки на академијата ќе бидат заокружени со концерт на легендарниот Драган Даутовски.   

Општина Охрид ги поканува сите охриѓани да ја проследат свечената академија и концертот на Даутовски.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1328  пати
Објавено на: 07.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©