Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕТСКИ ПОЗНАТИ МУЗИЧАРИ НА „OHRID CALLING“ 2018
Untitled Document

Најдобрите светски диџеи, Dimitri Vegas  и Like Mike, Jax Jones и  Roger Sanchez  и Armin van Buuren  ќе настапат на годинешното издание на музичкиот фестивал „Ohrid calling“ 2018 што ќе се одржува од 1 до 4 август  во Охрид .Ѕвездите ќе настапат  на најголемиот концертен подиум  во регионот, поголем и од тој на „Егзит“  кој од денес се поставува на стадионот „Билјанини извори“.

На денешната прес конференција што ја организираа Авалон продукција и општина Охрид, Илија Пиперкоски од локалната власт се осврна на значењето на овој фестивал  за туристичкиот развој на  градот.  

-Ohrid Calling е секако важен дел и од ова лето и како дел од целокупниот проект СИТЕ ВО ОХРИД е дел од напорите да се донесат звучни имиња во градот, за да се подигне нивото на градот како посакувана туристичка дестинација и за овој нов вид - концертен туризам.Тука секако огромен дел има и самото „Охридско лето“, нашата најголема културна манифестација, но и сите оние други настани организирани од други продукции и поединци, кои сите на свој начин придонесуваат во Охрид да имаме максимална исполнетост, ноќевања, но и користење на сите оние пропратни потреби - храна, превоз, угостителски услуги и се` останато. Охрид е жив град и мора да се развива. Успехот на сезоната зависи од сите нас, од насмевката на угостителските работници, од приемот на турстите на секое ниво, од автoбуската станица, до аеродромот, до хотелското и приватното сместување, сето тоа си има свој дел во приказната СИТЕ ВО ОХРИД.Димитри Вегас и Лајк Мајк, Роџер Санчез, Џекс Јоунс и секако Армин Ван Бјурен се имиња кои би ги посакала секоја модерна туристичка дестинација и токму затоа Ohrid Calling, покрај другите, ќе биде настанот кој секако ќе даде белег и на ова лето.Она што сите мора да го знаат е дека ова се имиња кои се букираат барем една година однапред и токму затоа, ова, како прво лето на оваа локална гарнитура помина онака како што беше претходно закажано и најавено во најголемиот дел од настаните. Сакам да напоменам дека за следната сезона ќе имаме многу измени во насока на максимално продолжување на сезоната. Ќе имаме и нови имиња од делот на продукциите, музички имиња кои не биле во Охрид, локации за одржување на настани кои до сега не се користеле. За следното лето се предвидуваат сериозни измени за кои јавноста ќе биде секако навреме информирана – истакна Пиперкоски и потсети на дел од музичките настани за ова лето.

- LAKE Summer Fest со Dj Daren Emerson од 6 до 8 јули на плажа „Немо“ во Охрид;„Бела ноќ 2018“ - Масимо Савиќ Антички театар и Dj Tomcraft на 14-ти јули;Zucchero Антички театар 25-ти јули;NUMB - Tribute to Pink Floyd „Долни сарај“ 26. Јули; Северина 27-ми јули стадион „Билјанини извори“; Цеца 28-ми јули стадион „Билјанини извори“;Димитри Вегас и Лајк Мајк стадион „Билјанини извори“ 1. Август;Роџер Санчез и Џекс Јоунс стадион „Билјанини извори“ 2. Август; Марија Шерифовиќ стадион „Билјанини извори“ 3. Август; Dj Deborah Luca плажа „Градиште“ 3. Август;Армин Ван Бјурен стадион „Билјанини извори“ 4. Август;Каролина Гочева, Владо Јанески, Синтезис, Влатко Стефаноски и уште многу други ќе бидат дел од многуте изведувачи кои ќе настапат ова лето во Охрид; Hernan Cattaneo и Nick Warren плажа „Оревче“ 13-ти август- додаде Пиперкоски според кој овие и уште многу други настани се гаранција дека Охрид ова лето ќе биде Топ дестинација за сите, затоа што е покриена широка популација и најразлични видови музика.

Според Ивана Нолчева од Авалон продукција  годинешните  настапи  на светски познатите диџеи се интересни за луѓе од разни страни на Светот кои бараат билет  повеќе за да дојдат на концертите

-Оваа година имаме водечки имиња од светската електронска сцена. Исто така имаме лајнап од десеттина светски познаи артисти од САД, Норвешка, Данска, Белгија, Македонија и други. Очекуваме туристи од сите страни на светот– вели  Нолчева.

Познатите диџеи во Охрид ќе престојуваат по еден ден и веднаш по настапот заминуваат за друга дестинација, бидејќи имаат набиена летна агенда. Нивната рајдер листа е вообичаена, велат од Авалон продукција, од каде најавуваат спектакуларни три фестивалски денови во Охрид.

-Покрај звукот и специјалните ефекти, настапите на диџеј ѕвездите ќе бидат пропратени и со спектакуларен огномет и пиротехника.Интересот за фестивалот е фантастичен. Оваа година за прв пат, покрај локалните продажни сервиси на карти и Балканот, за прв пат Ohrid Calling ќе се продава и на онјалјн тикет сервиси во Европа. – подвлече Денис  Илиоски од Авалон Продукција.

Фестивалот Ohrid Calling се одржува трета година по ред.

Прочитано:  604  пати
Објавено на: 30.07.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©