Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕВЕНЦИЈА ОД НАСИЛНО ОДНЕСУВАЊЕ МЕЃУ МЛАДИТЕ
Untitled Document

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ го продолжуваат континуитетот на одржување едукативни трибини. Во просториите на училиштето, во соработка со Младинскиот совет од Охрид како дел од програмата „Здравство и превенција“ во рамките на подрачјето за „Насилство“ ,  се одржа работилница на тема  „Превенција од насилно однесување во врска“.


Со помош на програмата ученици од четирите години на образование се стекнаа со теоретски знаења од областа на насилството во врска и последиците од оваа негативна појава, насилни партнерски врски, дискриминација и родови предрасуди и нивните ефекти, како и начини за развивање и планирање на идеи за иницијативи за подигнување на свеста за препознавање на различните облици на насилството и негово безконфликтно разрешување.


Речиси секојдневно сме сведоци на случаи каде млади луѓе смртно страдаат поради заљубеност, прељуба, забранета љубов, или пак случаи на сексуално искористување на млади, па дури и малолетници во образовните институции. Знаењата стекнати за време на работилницата и презентирањето на идеите од самите ученици ќе се искористат како препораки за развој на модели на добра практика во локалната заедница, како и активности на јавно заговарање и освестување за важноста од превенцијата на насилството во семејните, пријателските и партнерските  врски.


 Во иднина училиштето ќе продолжи со организирање на едукативни трибини, тркалезни маси, работилници, дебати за млади преку кои кај учениците ќе се подигнува општата свест во насока на воспитно-образовниот процес.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1271  пати
Објавено на: 17.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©