Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЕКСПРЕСНО РАСЧИСТУВАЊЕ НА СНЕГОТ ВО ОХРИД
Untitled Document

Екипи  на јавните претпријатија “Охридски  Комуналец“ и “ Водовод“ од  Охрид  веднаш по паѓањето на снегот од доцна попладнево се на терен   и  работат на неговото   расчистување.

Се чистат  централните и периферни градски улици,  тротоарите ,стариот дел од Охрид, охридската чаршија и  населбата “Бејбунар“.
Во акцијата  се употребува механизацијата од овие две претпријатија, возила со ножеви, градежни машини и еден трактор со нож што минува низ населбите “Месокастро“ и “Варош“.
Низ тесните градски улици и секаде каде што е потребно ќе се фрлат околу пет кубика  ризла и сол.

Екипите на “Охридски комуналец“ и Водовот ќе бидат на терен до доцна во ноќта односно до кога тоа го налагаат временските услови.
Надлежните служби  од општина Охрид , апелираат до охриѓани да се вклучат во акцијата односно  да ги  расчистуваат своите  дворови  од снежната покривка со цел да го олеснат движењето во зимски услови.      

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1339  пати
Објавено на: 31.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©