Денеска во Охрид се одржа третата сесија од форумот на заедници што ја организира општина Охрид како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“.
![](pictures/06_12_208_FORUM_1.jpg)
Во рамки на сесијата беа презентирани предлог проектите за социјална инклузија, согласно предлог концептите, кои беа прифатени од страна на форумот, на втората форумска сесија.
Концептите беа предложени и изработени од страна на седумте работни групи на Форумот на заедници, во кои има претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор.
![](pictures/06_12_208_FORUM_3.jpg)
Проектите кои ќе бидат избрани од страна на Форумот на зедници ќе бидат финансирани со средства од UNDP и Швајцарската амбасада во Република Македонија, со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци.
![](pictures/06_12_208_FORUM_2.jpg)
|