Со синоќешната средба со жителите од селото Куратица со градоначалникот Јован Стојаноски, секретарот Игор Бежоски и нивните соработници, завршија планираните активности за посета и разговори во сите урбани и месни заедници на територијата на општина Охрид.
![](pictures/06_03_2018_SREDBA_MZ_KURATICA_1.jpg)
Жителите од селото Куратица на средбата побараа да се испитаат можностите за пренесување на правото со водоводот да стопанисува и да го одржува МЈП „ Проаква-РЕ Водовод-Охрид“ , да се оспособи за сообраќај веќе пробиениот пат до селото Брежани во општина Дебрца, да се асфалтира патот до црквата Света Богородица, да се подобри мрежата за улично осветлување и да се наложи, ГП „ Гранит“ да ги исчисти каналите кај каменоломот со кој стопанисува.
![](pictures/06_03_2018_SREDBA_MZ_KURATICA_3.jpg)
Претставниците на Локалната самоуправа, предводени од градоначалникот Јован Стојаноски, одговорија дека ќе се одржат дополнителни средби со месната заедница, на кои ќе се договара динамиката за етапно решавање на споменатите и другите комунални проблеми.
![](pictures/06_03_2018_SREDBA_MZ_KURATIC_2.jpg)
|