Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ УРЕДУВААТ ТРОТОАРИТЕ НА ГРАДСКИОТ КЕЈ
Untitled Document

Екипи на јавното претријатие „Нискоградба“ од денес започнаа со уредувањето на тротоарите на градскиот Кеј .

Стручните служби со механизација го обновуваат бекатонот, а зеленилото покрај кејот хортикултурно ќе го ревитализира работната единица „Паркови и зеленило“ при Ј.П. „Охридски комуналец“.

Претходно сите угостителски објекти добија налог да ја отстранат урбаната опрема од тротоарите, а тротоарот ќе служи исклучиво за пешаците.

Во акцијата за уредување на тротоарите покрај градскиот Кеј ќе се вклучат и екипите на останатите општински јавни претпријатија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1264  пати
Објавено на: 18.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©