Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ УРЕДУВАШЕ УЛ. ЖЕЛЕЗНИЧКА И СЕ ЧИСТЕШЕ ЧАРШИЈАТА
Untitled Document

Денес дел од екипите на Ј.П. "Охридски Комуналец", по барање на У.З. "Железничка", извршија акција за расчистување на ул. "Железничка". Се косеше нараснатата трева покрај тротоарите и жардинериите и се кастреше неуредната вегетација со цел подобра прегледност на возилата и безбедност на пешаците. Друг дел од екипите, по налог на комунална инспекција, беа ангажирани со чистење на мастики за џвакање, како и секоја година на крајот на сезоната, во чаршијата "св. Климент Охридски" на потегот од чинарот кај плоштадот "Крушевска република", до големиот плоштад кај "Летница". Акцијата се започна утрото од 3 часот и траеше до 9 часот поради помала фреквенција на пешаци во тој дел од денот, и погодените временски прилики и за итата беа ангажирани 6 комунални работници.

Повеќе...

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1379  пати
Објавено на: 06.09.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©