Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РЕГИНАЛЕН КОНГРЕС НА СТУДЕНСКАТА ПЛАТФОРМА АИЕСЕЦ ВО ОХРИД
Untitled Document

Денес во Охрид започна тридневниот регионален конгрес на АИЕСЕЦ, најголема студентска платформа во светот. Конгресот е посветен на зајакнување на Балканската регионална мрежа на АИЕСЕЦ, преку поврзување на членството, споделување на искуства и исполнување на главната цел на АИЕСЕЦ - вршење на позитивен импакт во општетвото. Пред студентите се обрати градоначалникот Стојаноски,кој посакувајќи им добредојде на студентите и успешна работа , рече дека се чувствувам повторно свој меѓу своите, меѓу моите студенти и колеги“.

- Непосредно ми е позната студентската огромна енергија, ентузијазам и желба за константни нови знааења, промени на подобро и изградба на едно помирно, побогато и поправедно општество за сите. Студентската платформа АЈСЕК верувам дека знае најдобро да ги обедини вашите знаења, активности и заедничко делување во остварувањето на вашите благородни цели. Искрениот пристап што вие го градите меѓу себе, во промоција на индивидуалните лидерски квалитети, стремењето кон врвни резултати, со одржлив развој и на АЈСЕК  и на пошироката заедница, низ мултикултурната поврзаност,  се гаранција за креирање на благопријатен амбиент за соработка и извесна подобра иднина за целиот регион – истакна во своето обраќање градоначалникот Стојаноски.

На конгресот учествуваат повеќе од 300 студенти од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија.

Прочитано:  1432  пати
Објавено на: 08.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©