Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПО 18-ТИ ПАТ „РАСПЕАНО РИБАРЧЕ“ ВО ОХРИД
Untitled Document

Вечерва во ЦК „Григор Прличев“, свечено беше отворен  најстариот градски детски фестивал  „Распеано рибарче“.   Најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ и  децата од охридските  основни  училишта  уживаа во веселите детски песнички  кои се испејаа на првата фестивалска ноќ.  Овогодинешното 18-то издание  на фестивалот е посветено на прерано починатиот основач на фестивалот Коле Петкуќески. Присутните ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. 

– Охридското „Распеано рибарче“, покрај многуте настапи на учениците од музичкото училиште, покрај промоциите на орќестрите за народна и забавна музика, хорските фестивали, фестивалите на народни песни и игри во Охрид, фестивалот  „Охридското лето“ и други манифестации поврзани со и околу музиката и културата воопшто, претставува културен но и образовен предизвик. Како што велат, сите музички и културни манифестации се тешки сами по себе да се организираат ама организирањето на ваква, детска манифестација на некој начин е посебно, убаво, тешко. Убавината си има своја цена ама и причини.
Голем дел од причините за постоењето на овој фестивал ги упатувам како поздрав до семејството на г-н Коле Петкуќески чие име е вечно поврзано со името на овој детски фестивал. Останатите причини за понатамошниот развој на фестивалот кон композиторите на детската песна, родителите,  г-н Менде Баракоски,  кон наставничките Мери и  Бети,
а преку нив и на сите наставници вклучени во припремите,  но и кон сите ученици на основните училишта со порака да ги развиваат своите таленти и да ги покажуваат. Охрид бил, е и ќе биде расадник на културата, убавата детска музика, прекрасната детска песна- рече Јанев. 

 

Фестивалот „Распеано Рибарче“  прв пат се одржа во  1998 година и е еден од најквалитетните,  детски музички производ во Охрид и пошироко.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1413  пати
Објавено на: 06.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©