Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА 16-0Т МЕЃУНАРОДЕН МУЗИЧКИ НАТПРЕВАР–“ОХРИДСКИ БИСЕРИ“
Untitled Document

Синоќа започна 16 –от меѓународен музички натпревар за млади музичари- “Охридски бисери“ . На свеченоста присустуваше заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој се обрати во име на градот домаќин.


- Искрено верувам дека изминатите години, “Охридските бисери“ придонесоа кон збогатувањето на нашата духовна ризница и уште повеќе Охрид го отворија кон светот и предизвиците кои ги носи иднината. Ве уверувам дека градот Охрид ќе стори се Вашата хумана,космополитска  и универзална идеја да трае и да се збогатува и по форма и по содржина, во годините и десетлијата кои се пред нас. Убеден сум дека Охрид и охриѓани ќе ве пленат  со својот шарм, а дека публиката и учесниците ќе имаат незаборавни моменти во Вашите уметничи перформанси. Ви посакувам успешен фестивал и пријатен престој во Охрид – истакна Јанев.

На годинашниот натпревар 120 кандидати од Русија, Кина, Германија, Полска, Романија, Бугарија, Литванија, Хрватска, Србија и Словенија ќе се натпреваруваат во дисциплините: Флејта, Кларинет, Саксофон, Труба, Хорна иТромбон.


Младите музичари ќе ги оценува  интернационално жири од познати и признати музички педагози од: Русија, Германија, Бугарија, Австрија, Македонија и Србија.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1385  пати
Објавено на: 16.06.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©