Во кругот на црквата „Св. Богородица“ во село Скребатно, по повод
големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, се одржува
голем црковно народен собир. Секоја година повеќе од 5 000 луѓе,
присуствуваат на ручекот кој што го организира црковниот одбор.

По тој повод, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со министерот за
одбрана, Зоран Јолевски и пратеникот Сашо Василевски како и илјадниците
верници присуствуваа на празнувањето на овај голем христијански празник.

Празнувањето на овај празник во селото Скребатно е збогатено и со богата
културно – забавна програма.









Извор: www.ohrid.gov.mk |