Во родната куќа на лавроносецот, великиот Григор Прличев, денеска се одржа манифестацијата „ Стихови и звуци за Прличев“, на која беше промовирано адаптираното издание на Прличевата автобиографија од Славе Ѓорго Димоски и беа доделени пофалниците за освоена прва награда на литературниот конкурсот што традиционално го распишува Основното училиште „ Григор Прличев“ .
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Odbelezuvanje_Grigor_Prlicev_0602201748516.jpg)
По изведбата на песната 1762 лето од страна на градскиот хор при Центарот за култура „ Григор Прличев“ , градоначалникот Никола Бакрачески на Искра Андрееска и Даријан Ангелоски им ги врачи пофалниците за освоена прва награда на литературниот конкурс што традиционално го објавува основното училиште што го носи Прличевото име.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Odbelezuvanje_Grigor_Prlicev_0602201748510.jpg)
-Ми причинува особена чест и задоволство што и оваа година ќе им ги врачам пофалниците на најдобрите млади литературни творци, победници на конкурсот што го распиша Основното училиште „Григор Прличев“.Тоа се Искра Андрееска и Даријан Ангелоски, кои според жири комисијата, имале најбележити и најквалитетни литературни творби, кои ветуваат дека, овие двајца ученици можат да бидат дел од македонската книжевна иднина.
Им честитам на добитниците за освоените награди и им посакувам нивната љубов кон литературното соопштување на емоциите да биде мотивациски повод и за нивните другари и соученици да се занимаваат со литература.Вашите професори, но и ние од Локалната самоуправа сме обврзани да ја подржуваме и афирмираме креативноста на младите, зошто таа е основен темел за формирање на здрави и образовно потковани генерации, кои ќе не водат во иднината.
Посебно треба да бидете горди, што пофалниците Ви ги врачуваме на оваа свеченост во Куќата на Григор Прличев, великанот чие дело е безвремено и со универзално значење, дело кое било и вечно ќе биде инспирација за многу генерации- рече градоначалникот Бакрачески.
Адаптираното издание на Прличевата автобиографија од Славе Ѓорго Димоски, на денешната свеченост, што се одржа во рамките на годинашните „ Прличеви беседи“ , го промовираше Проф. д-р Димитар Пандев. Во промотивната реч Пандев истакна дека со ова адаптирано издание на Автобиографијата на Прличев, се дава особен придонес во продлабочувањето на анализите на делото на Лавроносецот.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Odbelezuvanje_Grigor_Prlicev_0602201748513.jpg)
„Во овој возобновен дом на Прличев се собравме денеска да го промовираме неговото дело, овојпат со ново издание на Атобиографијата, облагородено со нови сознанија и со поинаков пристап кој ќе биде поблизок до младите генерации“ – рече Пандев.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Odbelezuvanje_Grigor_Prlicev_0602201748514.jpg)
Во културно- уметничкиот дел, ученици од гимназијата „ Св. Климент Охридски“ читаа делови од Автобиографијата, а настапи и Стефан Петрески- гитара од основното музичко училиште „ Методи Патчев“ .
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Odbelezuvanje_Grigor_Prlicev_0602201748511.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Odbelezuvanje_Grigor_Prlicev_0602201748512.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Odbelezuvanje_Grigor_Prlicev_0602201748515.jpg)
Пред одржувањето на манифестацијата „Стихови и звуци за Прличев“, на гробот на Прличев беше одржана Панахида и положено свежо цвеќе.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Odbelezuvanje_Grigor_Prlicev_0602201748517.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Odbelezuvanje_Grigor_Prlicev_0602201748518.jpg)
Извор: www.ohrid.gov.mk |