Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИСЧИСТЕНИ И УРЕДЕНИ ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА
Untitled Document

Екипите на ЈП „Градски гробишта“  континуирано продолжуваат со интензивното уредување на просторот на  градските гробишта.
Во рамки на активностите кои се извршуваат,  на самиот влез од муслиманскиот дел , засадени се 500  садници сезонско цвеќе.
Покрај хортикултурното уредување на парцелите, поставени се 50 фундаменти на гробни места кои досега не биле поставени,се изведува и поплочување со бетонски плочки од сопствено производство, се поставуваат ивичњаци околу патеките и се врши темелно косење, метење и чистење на гробиштата и гробишната инфраструктура.
Извршено е и уредување на депонијата од која се транспортирани повеќе од 300 камиони шут и ѓубре.
Менаџментот на јавното претпријатие ја исплати и јунската плата на вработените, со што претпријатието повеќе не должи по основ на плати за вработените.
Активностите околу одржувањето и уредувањето на градските гробишта  и во наредниот период ќе продолжат да се одвиваат со истата динамика, се со цел зачувување на средината и чистотата на гробиштата

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1248  пати
Објавено на: 01.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©