Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА
Untitled Document

Почитувани присутни,

Денес сите ние сме  победнички тим, сите  заедно преку манифестацијата  за избор на најуспешен спортист за 2014 година на Охрид, прославуваме за успесите на 13 охриѓани  кои со покажаните резултати се искачија на спортскиот пиедестал и  станаа наша гордост.
Јован,  Мартин, Диел, Стефан, повторно Мартин, Владимир, Јана, Анастазија, Иван, Елвис, Марија, и секако   спортските доени Димче Стојкоски –Лепиот и  највозрасната   пливачка Олга Џипунова- Паунчева,  се само дел од   креаторите на новата но и потсетници на дамнешната  охридската  спортска историја. Сите тие се наши  фудбалери, ракометари, едриличари, пливачи, стрелци и каратисти кои со фер игра, соработка и  заедништво  станаа горди победници на спортските терени.
Како дел од навивачката група “Рибари“, или можеби поистоветувајќи се со Кире Колевски кој има посебни заслуги за поддршка на спортот , сите ние  во изминатава година  со нашите спортисти заедно трениравме, заедно се натпреварувавме, заедно стигнавме до целта и го победуваме спортскиот ривал.

Почитувани присутни,

Издвојуваната  победа   не обврзува сите нас  максимално да се вложиме  и да дадеме придонес  во подобрување на условите за спортување во Охрид како и заживување на  заборавените спортски игри.  
Општина Охрид  како никогаш досега  макотрпно работи  и го  стимулира развојот на спортот, масовниот и училишен.
Се остварија ветувањата , Охрид  доби суперлигаш во ракомет , а  фудбалерите  веќе тренираат на    најмодерниот стадион на вештачка трева во Македонија лоциран во рамки на СРЦ “Билјанини извори“.
Во изминатиот период, ги саниравме  наследените штети во  повеќе спортски клубови. На спортските екипи им обезбедивме  превоз и бесплатни тренинзи во спортската сала, им помогнавме на олимпијката Нина Балабан и светскиот вице  -шампион Гоце Мојсоски а организиравме  и големи спортски настани. Ги  организиравме финалето на Купот во кошарка на Македонија и  финалето на Купот во ракомет на кои  учествуваа нашите и европски ракометни гордости, екипите на „Вардар“ и „ Металург“, а  бевме и  домаќини на “Гимназијадата“ на која  учествуваа околу 500 ученици.
Охрид веќе има  18 спортски игралишта  а насочени сме кон изградба на останатите од вкупно   30  игралишта за маалски баскет кои треба да ги добие Охрид.  Ново игралиште се изгради во населба “Лескајца“  а во тек е реконструкцијата  и изградбата  на фудбалско игралиште во Лескоец.    И во иднина ќе градиме и ќе создаваме подобри услови за спортување  на  кои сите ние  ќе   се радуваме.
Трансформирајќи  ги самите спортски терени и создавајќи подобри услови за игра  успеавме да го трансформираме сфаќањето за спортот кај најмладите, кои масовно присуствуваа на   спортските  настани кои   минатата година  се одржаа во Охрид, меѓу кои за најдобар е прогласен “ФЕР ПЛЕЈ КУП 2014“.

Посакувајќи му на  најуспешниот спортист  за 2014 година, велосипедистот Јован Јованоски како и на останатите добитници на признанијата  уште многупати да бидат  победници  на спортските терени  ќе посочам дека   општина Охрид и понатаму  продолжува да  го помага спортот  со цел да ја промовираме  неговата суштина, зближување, поврзување, интегрирање.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 30.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©