Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ОДРЖА 12-ТА СЕДНИЦА НА ГРАДСКИОТ СОВЕТ
Untitled Document

 Со  15 гласови за, советниците едногласно ги усвоија 23-те предлог одлуки кои  беа на дневен ред на денешната 12 –та седница на градскиот Совет, откако по предлог  на Секретарот на Општината, Димитар Спасески, беа повлечени двете точки 22 и 23 од урбанистичката сфера. Истите беа повлечени откако  советниците од коалицијата “Сојуз за иднината“, ја напуштија седницата затоа што судот не одговорил на нивното барање да се укине притворот за претседателот на ОО на СДСМ –Центар , Мирослав Шиповиќ кој се товари за криминал од 1 милион евра.

“Со оглед на тоа што оваа локална самоуправа планира да работи чесно и транспарентно до крај и со оглед на фактот што на самиот почеток  од  Седница, опозицијата, кажа дека ќе ја напушти истата, сметавме дека овие точки 22, 23 кои се однесуваа на донесување на урбанистички планови   треба да ги повлечеме. Од принципиелни причини сметаме дека за вака битни прашања не е коректно и во ред да се расправа на седници кога и опозицијата не е присутна. Во минатото бевме сведоци дека се се правеше опозицијата да ги напушта седниците на совет  па да може да се донесат ДУПОВИ , онака како што на некого му било по желба. За да нема сомнежи во процесот и за да нема понатамошни дискусии во јавноста дека сме знаеле, односно сакале опозицијата да ја напушти седницата, одлучивме двете точки да ги повлечеме и истите ќе бидат разгледувани на една од наредните седници кога сите советници ќе се присутни“,  објасни  Секретарот на Општината, Димитар Спасески.

Меѓу позначајните точки на дневен ред  на денешната седница беше, разгледувањето на состојбата на Општината во однос на долгот што таа го има кон свои доверители. Советниците ги изгласаа и  предлог  одлуките за  усвојување  на   Извештајот за остварување на  Буџетот  за периодот од 01.01. до 30.09.2013 година и донесување на  Буџетски календар на општина Охрид за 2014 година. Градските избраници, денес  дадоа зелено светло и за Одлуката со која се намалуваат давачките на охриѓани кон  ЈП Градски Гробишта од 1200 односно 750  на  само 600 денари на годишно ниво.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1231  пати
Објавено на: 29.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©