Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ РАСЧИСТУВА ПРЕДВОРЈЕТО НА ЦРКВАТА СВ. СОФИЈА
Untitled Document

Јавното претпријатие Охридски Комуналец утрово отпочна сеопфатна акција за расчистување на предворјето на црквата Св. Софија.

Акцијата опфаќа уредување на тревникот пред црквата, западниот дел на црквата св. Софија кадешто во летниот период се одржува дел од настаните на фестивалот  “Охридско лето” се расчистува сметот, внатрешноста на колонадите ќе се дезинфицираат.

Граѓаните од стариот дел на градот изразија голема благодарност за расчистувањето и апелираа , и во иднина да се сочува чистотата кај црквата св. Софија, бидејќи е еден од  најрепрезентативните објекти во стариот дел на  Охрид.

На ден 10 октомври 2013г. во рамките на Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија 2013 во црквата св. Софија ќе се одржи Класичен Хуманитарен концерт.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1235  пати
Објавено на: 07.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©