Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ЗА ОСНОВЦИ
Untitled Document

На фудбалскиот терен со вештачка трева, четврток (31.03.2016) и петок (01.04.2016), под покровителство на општина Охрид, а во организација на ЈП „Билјанини извори“ ќе се одржи фудбалски турнир за деца од основните општински училишта. Турнирот се реализира во соработка со Сојузот на училишен спорт Охрид и Бирото за развој на образованието. Овој турнир е дел од годишната програма на јавното претпријатие, а претставува почеток на многубројните спортски настани наменети за најмладите кои ќе се одржат во наредниот период.


Официјалниот старт на турнирот ќе биде, утре, во 10:30 часот, а финалето ќе се одржи во петок со почеток во 13 часот.


Организаторите за победниците и учесниците имаат обезбедено награди и признанија.
Натпреварувањата во фудбал продолжуваат во понеделник за кога е закажан турнирот за средните училишта во Охрид.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1330  пати
Објавено на: 30.03.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©