Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ АКТИВНО ВКЛУЧЕН ВО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО
Untitled Document

Охрид успешно се справува со снежното невреме .   Од вчера вечер и денес непрекинато  се работи на расчистување на  снегот  од сите јавни површини во Охрид и неговата околина.


 
Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески од синоќа до  утрово    активно учествуваше во расчистување на последиците од невремето кое  го зафати охридскиот регион и цела Македонија.
 


Синоќа по налог на градоначалникот Бакрачески беше свикан кризниот штаб и беа мобилизирани сите надлежни служби, јавните претпријатија и противпожарната единица кои веднаш   со своја механизација  активно ги расчистуваат градските и приградски патишта.  Сите градски улици од синоќа се чисти, но снегот кој постојано врне повторно ги покрива со снег. Чистењето без прекин се уште трае.
 


Синоќа градоначалникот Бакрачески ги посети  и сите здравствени институции во Охрид, Општата Болница, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо“ и  Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, кои работат непречено и сите пациенти се добро згрижени.  


Синоќа  механизација од општина Охрид беше вклучена во  расчистување  на патот кон превојот Пресека. Во конвојот  беше   и градоначалникот Бакрачески  кој се вклучи во расчистување на патот  и евакуација на лицата кои се наоѓаат во завеаните возила.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1328  пати
Објавено на: 29.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©