Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРУЕВСКИ БАКРАЧЕСКИ И КАНЧЕВСКА- МИЛЕСКА ВО ОБИКОЛКА НА КУЛТУРНО-ИСТОРИСКИТЕ ЛОКАЛИТЕТИ ВО ОХРИД
Untitled Document

Премиерот Никола Груевски , градоначалникот Никола Бакрачески и   министерката за култура Елизабета Канчевска- Милеска  денес во Охрид прошетаа низ старото градско јадро и ги  разгледаа  реновираните  фасади на заштитените охридски куќи, реконструираната куќа на Ајри Доко, археолошкиот локалитет Манчевци и Античкиот театар. Обиколката беше  заокружена  со разглед на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник,  каде беше  извршен  увид на градежните зафати.

 

-Ние сме задоволни и благодарни на она што Владата на Република Македонија преку Министерството за култура го обезбедува  за Охрид  се со цел да го заштитиме богатото културно наследство на градов, меѓутоа во исто време и да ја подобриме понудата во делот на туризмот преку презентација на овие културно- историски вредности со кои што обилува Охрид. Во таа насока денес направивме увид на оние реализирани проекти во делот на заштита на архитектурата на неколку куќи кои беа предвидени со програмата и на Владата и на Локалната самоуправа а се наоѓаат во  старото градско јадро односно во старата охридска чаршија. Денес како одговорна Локална власт во придружба на премиерот Груевски и  министерката за култура Канчевска- Милеска направивме увид околу градбите  на Св. Климентовиот универзитет на Плаошник  и од она што можевме да го видиме  сме сосема задоволни  и радосни што Охрид после неколку години со до комплетирање на сите градби ќе има уште еден репрезентативен објект кој се очекува да биде едно од најпосетуваните места во иднина, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

     

Министерката за култура Канчевска – Милевска истакна дека е задоволна од  реализирањето на активностите на Плаошник.

 

- Интензивно се работи на  Плаошник  каде  можевме да видиме дека резиденцијалниот објект на Дебарско кичевската епархија е целосно готов во затворена карабина. Манастирскиот конак  е во фаза на затворање на карабина  и ставање на кровот, како и на трите објекти музеј, галерија и библиотеката.  Целосно можам да кажам дека е завршена археологијата  на овој локалитет,  изјави министерката  Елизабета Канчевска Милевска.

Со заштитата на старата градска архитектура и изградбата на Светиклиментовиот универзитет се збогатува културната туристичка понуда на Охрид. Се очекува Светиклиментовиот универзитет  целосно да биде изграден  кон крајот на 2016 година.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1413  пати
Објавено на: 23.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©