Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РАБОТИЛНИЦА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОПЛАВИ
Untitled Document

Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа ( РЕЦ) – денеска во салата на Општина Охрид, со поддршка на Секторот за туризам и локален економски развој, одржа еднодневна работилница  посветена на механизмите за справување со поплави во речните и езерските сливови. Предавач на работилницата беше Стив МКНолти од Американските шумски служби, а пред присутните се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев.

-Оваа работилница ќе ни помогне нашето искуство во справувањето со полавите како елементарна непогода, да го надополниме со нови искуства за градење на капацитети за одржлив развој на сливното подрачје на Охридското Езеро и Дримскиот басен.За нас посебно важно е и справувањето со појавите на поплави кои ги загрозуваат градското подрачје и околните населени места.
Општина Охрид има искуства за справување со полавите кои биле предизвикани од зголеменото ниво на езерото, обилни дождови, излевање на реките во сливното подрачје, излевање на секундарната атмосферска и канализациона мрежа и колекторскиот систем.Во такви услови сме ги преземале неопходните мерки за намалување на штетите, но постојано работиме на превенцијата за справување со поплавите. Постојано ги чистиме коритата на реките кои се влеваат во езерото, работиме на изградба на нови канализациони линии, а во тек е заокружувањето на активностите за реализација на капиталниот проект за ревитализација на колекторскиот систем.
Во рамките на Локалната самоуправа функционира координативно тело за справување со елементарни непогоди, кое зедно со другите надлежни органи брзо реагира на евентуалните опасности и работи на плановите за превенција.Континуирано, ова тело работи и на подигнување на готовноста и приправноста на надлежните служби кои со брзата реакција можат видно да ги намалат штетите од полавите и другите елементарни непогоди.
Уверен сум дека преку ваквите работилници ќе се придонесе и за меѓуопштинска соработка и поефикасна координација со државните органи во справувањето со поплавите
- рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.

На работилницата учествуваа претставници од секторите за животна средина, локален економски развој и комунални дејности од општините Охрид, Вевчани, Струга, Дебрца и Дебар, од регионалните центри за управување со кризи и граѓански здруженија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1371  пати
Објавено на: 05.09.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©