Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОМОВИРАН ЗБОРНИКОТ “ЗА И ОД КИРО ГЛИГОРОВ“
Untitled Document

Синоќа во куќата на Ураниија, по повод 25 годишнината од зачленувањето на Република Македонија во ООН, МАНУ и Дипломатскиот клуб од Скопје ја промовираа книгата “За и од Киро Глигоров.

Ахил Тунте, дипломат и догогодишен советник во Кабинетот на Киро Глигоров, во емотивното обраќање, рече дека тие од една страна му биле советници, додека од друга - Глигоров им бил учител на оние што го советувале, нагласувајќи ја хуманата и човечка димензија на Претседателот.

- Сето тоа од него правеше човек кој гледаше преку две планини, лидерство какво што и е потребно на Република Македонија и денес. Киро Глигоров беше бенефит и привилегија на Република Македонија, лидер со лична филозофија упатена кон доброто на човекот и просперитетот на нацијата, придобивки остварливи само преку стабилност и безбедност на земјата, преку ингеграцијата на Македонија во светските трговски, економски, финансиски и политички процеси, потенцираше Тунте.

Тој посочи дека Глигоров прифатил компромис за прием на Македонија во ОН, затоа што знаеше дека тоа ќе донесе членство на земјата во Светската банка, ММФ, широко меѓународно признавање. Такво лидерство ни треба и ќе бидам слободен да речам дека Глигоров треба да се препрочитува, се` она што тој го има кажано за најважните, за суштествените прашања за животот и развојот на Република Македонија. Уште повеќе, кај него можат да се најдат одговори на многу битни прашања за иднината и просперитетот на земјата.

Академик Таки Фити напомена дека Глигоров спаѓа во редот на најмаркантните личности од поновата историја на Македонија.

- Токму тој успеа да се избори Македонија да се осамостои по мирен пат, дури и да ги заврши успешно преговорите со поранешната ЈНА и на тој начин да го да го оствари својот вековен сон за самостојна независна држава, додаде Фити.

Пред бројната публика - академици, професори, дипломати и соработници на Глигоров, се обрати и  градоначалникот Јован Стојаноски.

- Тој многу направи за Република Македонија и мислам дека токму поради тоа треба да внимаваме каде и како понатаму ќе ја носиме оваа држава. Јас во мое лично име му благодарам за се` она што го направи за нашиот град Охрид. Направи многу работи, многу се залагаше за Охрид, да биде онаков каков што е денес, и нам ни останува да и понатаму ги браниме тие негови одлики и тој негов став, истакна градоначалникот Стојаноски.

Прочитано:  366  пати
Објавено на: 28.08.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©