Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ- ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ
Untitled Document

По повод одбележувањето на 75- годишнината од 11 Октомври- Денот на народното востание, градоначалникот Никола Бакрачески, до граѓаните на општина Охрид, упати празничка честитка.

-Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ.Благодарение на пожртвуваноста на храбрите борци во Народноослободителната антифашистичка борба, на темелите на историските традиции на македонскиот народ низ вековите, на илинденците и АСНОМ- ците, ние ја живееме слободата. Живееме во слободна и независна Република Македонија, сон на многу генерации слободољупци, кои оставиле аманет да ја чуваме со крв спечалената слобода на татковината.

За македонскиот народ Анифашистичката војна беше и борба за национално ослободување. На 11 октомври 1941година застанавме на страната на антифашистичката коалиција, со што  нашиот народ го докажа
својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава. Македонските граѓани знаеја да го изберат доброто наспроти злото, правдата наспроти неправдата и да застанат против фашизмот како едно од најголемите зла во човечката историја.

На одбележувањето на 75- годишнината од 11 Октомври- Денот на народното востание уште еднаш изразуваме почит кон сите што се бореа и ги дадоа животите за слободна и независна Република Македонија. Нека ни е честит и вековит овој велик ден. Нека ни биде патоказ и нам и на генерациите по нас, да ја чуваме слободата, сувереноста и независноста на нашата татковина, Република Македонија-
се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1381  пати
Објавено на: 11.10.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©