Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ХРИСТО УЗУНОВ“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Четвртоодделенците од ОУ „Христо Узунов“, денеска ја посетија општина Охрид. Нив  во големата општинска сала ги пречека  градоначалникот д-р Јован Стојаноски, кој ги запозна со основните функции и работата на Локалната самоуправа, а потоа одговараше и на прашањата што беа упатени до него.

Учениците  беа и во кабинетот на градоначалникот, одблизу се запознаа со неговата работа и  посетија  неколку служби во локалната администрација.

За функционирањето  на  локалната самоуправа основците учат  по  наставниот предмет „Општество“.

Прочитано:  1606  пати
Објавено на: 07.02.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©