Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ УЛИЧНИ СВЕТИЛКИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ
Untitled Document

Согласно годишната програма за работа во делот на јавното улично осветлување  екипи од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици  при општина Охрид  во текот на денешниот ден поставија столбови за улично осветлување   на  улицата “Македонски просветители“.

Едниот столб за јавното улично осветлување е поставен пред зградата на Основниот суд а другиот пред маркетот “Тинекс“  во непосредна близина ка  кружниот тек кај градскиот  плоштад.
Со новите  улични светла ќе се подобри  јавното осветлување  по што се очекува да  се  зголеми  нивото на безбедност како за сите учесници во сообраќајот така и  за  граѓаните што гравитираат во овој дел од  Охрид.

Акцијата  за поставување нови улични светла трае веќе извесен период и  со засилена динамика ќе продолжи и во наредниот период.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1325  пати
Објавено на: 11.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©