Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ ЗА БЕЗБЕДЕН АВАНТУРИСТИЧКИ ТУРИЗАМ
Untitled Document

Проектот „ Регионот Охридско Езеро – безбедна туристичка дестинација за авантуристички туризам“ , финансиран од Европската унија од ИПА 2 програмата за прекугранична соработка, денеска беше промовиран во големата сала на општина Охрид. Проектот, вреден 415.000 евра заедно ќе го имплементираат Општинската организација на Црвен Крст од Охрид и Националниот центар за животна средина,туризам и одржлив развој од Поградец од Република Албанија.

- Со овој проект Општина Охрид и поширокиот регион околу Охридското Езеро, ќе добијат современ центар за спасување на планина, со што се отвараат можности за развој на безбеден авантуристичкиот туризам, кој е се попривлечен за странските туристи. Според нашите стратешки определби за развој на туризмот во Охрид, со вакви и слични проекти  ќе се збогатува туристичката понуда, ќе се зголемува бројот на странските гости  и ќе се продолжи туристичката сезона. Центарот за спасување во планина ќе биде опремен по најсовремени стандарди, со оперативен и тренинг центар, простор за чување и одржување на техничките средства, специјално теренско возило и обучен кадар според препораките на Меѓународната комисија за алпско спасување.Со проектот се предвидува и изработка на посебна апликација за паметни телефони која ќе овозможува брзо повикување  помош при несреќи на планина, лоцирање на повредениот и негово спасување.Имплементацијата на проектот и формирањето на ефикасна служба за спасување на планина ќе придонесе за промоција на Охрид и околината како модерна и безбедна дестинација за развој на авантуристичкиот туризам.Во тој процес, според проектните задачи, предвидено е организирање работилници со тур-операторите и другите туристички работници кои преку разни форми оваа новина ќе ја стават во нивната туристичка понуда- рече градоначалникот Д-р Јован Стојаноски.

На презентацијата се обратија и Елвис Али од делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Ана Веруши од Регионалниот совет од Корча, Република Албанија, претседателот на општинскиот Црвен Крст Сашо Точко и проект- менаџерот Антонио Додевски.

 

Прочитано:  1474  пати
Објавено на: 08.02.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©