Во рамки на предвидените средби со граѓани, градоначалникот на Охрид, д-р
Јован Стојаноски вчера вечер во големата сала на Општина Охрид имаше
состанок со претставници од УЗ „7-ми Ноември“.
![](Pictures/sredba_gragani2_2018_400.jpg)
На средбата беа изнесени сите проблеми од комуналната и урбана
сфера со кои се соочуваат жителите од ова населено место. Се разговараше за
можноста од изградба и реконструкција на улици, дислокација на времени
објекти, а беа поставувани и прашања околу донесување на Урбанистички
планови.
![](Pictures/sredba_gragani2_2018_4001.jpg)
Претходно секретарот на општината, Игор Бежоски имаше средба со жителите
на УЗ „Лескајца“.
![](Pictures/sredba_gragani2_2018_4002.jpg)
Денеска попладне во општинската зграда се предвидени средби со
жителите од урбаните заедници, „8-ми Септември“ и „Железничка“.
![](Pictures/sredba_gragani2_2018_4003.jpg)
![](Pictures/sredba_gragani2_2018_4004.jpg) |