Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ
Untitled Document

- Почитувани претставници на медиумите, дозволете најнапред да се заблагодарам на вашето присуство.

Денес сме тука да направиме  преглед на позначајните активности на изминатите години од развојната програма , реализирани во Секторот за туризам како и преглед на позначајните проекти изработени и реализирани во соработка со различни меѓународни, европски и национални фондови, институции и организации. Сектор во кој локалната создаде солидна основа за иден забрзан развој на туризмот и општествените дејности, сектор кој е креативна и иновативна  сила, кој создава резултати на бенифет за сите граѓани на Охрид.

Во 2016 година во фокусот на вниманието беа активностите за целосна реализација на веќе добиените меѓународни проекти од различни европски фондови како што се големите инфраструктурни зафати од проектот ВАТЕРНЕТ со вредност од 210.000 ЕВРА, од програмата за прекугранична соработка на европската унија помеѓу Република Македонија и Република Грција, од кои 150.000 ЕУР за Општина Охрид  и  со период на имплементација од 18 месеци. Главни проектни активности за општината се изградба на 200 м Пешачка патека на потег Парк – Канал Студенчишта во вредност од 114.304 ЕУР, набавка на информативен туристички киоск во вредност од 9.000 ЕУР, изработка на промотивни штандови, билборди, промотивен материјал и сл..

Во Компонента за прекугранична соработка за Македонија и Грција од програмата на ИПА за 2016-та исто-така се реализира и проектот за Поддршка на прекугранично претпиемништво, во вкупен износ од 184.958 Евра од кои 74.500 ЕУР за општина Охрид . Времетраење на проектот е 15 месеци.

Минатата година е одобрен и е во фаза на реализација проектот за активен туризам ЛАКТИВ ТУРИЗАМ заедно со уште неколку европски градови од COSME програмата на Европската Унија во висина од 30.000 Евра, како прва општина од Македонија која добила проект од оваа европска програма.

Во овој момент, се реализира еден од инфраструктурните проекти во партнерство со центарот за југозападен плански регион и Бирото за регионален развој – подземните контејнери и јавните тоалети, во вкупна вредност од 56.000 Евра. Поставувањето на подземните контејнери е завршено во 2016, додека поставувањето на јавните тоалети е во фаза на реализација и е планирано да бидат завршени сите активности до почетокот на туристичката сезона 2017.

Во 2016 година беше финализиран проектот за реконструкција и енергетска ефикасност на централната градинка Јасна Ристеска во вредност од 57.096 евра.

Исто така во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион и Бирото за регионален развоја се реализира проектот во ОУ Кочо Рацин во Лакочереј во вредност од 455.718 денари.

Со проект од Германската амбасада се опреми кабинетот по биологија во ОУ Григор Прличев во вредност од 396.160 денари.

Во 2016 та како резултат на меѓусебно стекнатата доверба и успешната реализација на претходните проекти, од страна на амбасадата на Австралија во Белград,  повторно обезбедивме финансиски средства за опрема и друга поддршка на Дневниот Центар ЗРАЦИ за лицата со посебни потреби во висина од 6.000 Австралиски долари.

Нагласувам дека тука не се таксативно наведени останатите тековни и помали меѓутоа исто-така многу значајни проекти од УНДП, Долна Нормандија и др. преку кои се добиени преку 30.000 евра.

Би сакал да потенцирам дека, вкупната вредност на добиени грантови средства во периодот од 2013 до сега ја надминува бројката над 1.100.000 Евра.

Воедно, на различни отворени повици на Европските фондови, донатори, амбасади и институции, во 2016, од страна на проектните тимови во секторот за ТЛЕР се подготвени повеќе проектни апликации и концепти и истите, меѓу другите, се аплицирани и во следните програми:

INTERREG Balkan-Mediterranean 2014-2020,
IPA II Cross-Border Cooperation Programme помеѓу Грција и Република Македонија 2014-2020,
IPA II Cross-Border Cooperation Programme помеѓу Aлбанија и Република Македонија 2014-2020.

Вкупниот буџет за Општина Охрид на аплицираните проекти, кои според неофицијални информации се наоѓаат во финална фаза на пред селекција, изнесува 879.000 Евра.

Во рамки на Одделението за ЛЕР, од 2014 до сега, согласно годишните програми, финансирани се проекти од јавен интерес на здруженија, месни и рурални заедници, при што целосно реализирани и исплатени се 6 проекти, со вкупна вредност од околу 10.000 Евра. Во рамки на овие проекти реализирано е Изградба на трибини на игралиште во с. Подмоље, реконструкција на селскиот дом во с. Куратица – прва фаза, изградба на видиковец и уредување на просторот кај црквата Св. Наум во с. Лескоец, изградба на потпорен ѕид – гробишта црква Св. Спас  - с. Лескоец, Реконструкција на селски дом во с. Куратица – втора фаза.
Две години по ред во соработка со Работничкиот Универзитет „Кузман Шапкарев“ се вршат обуки на невработени лица за струки кои согласно анализите и истражувањата на Секторот претставуваат дефицитарни струки во охридското стопанство. При тоа, со сертификати за завршени обуки се стекнаа 40 лица и тоа за струките заварувачи, готвачи и машинисти- фини подесувачи на машини и основни познавања од електро и машинска струка
Исто така, со цел олеснување на пристапот до информации за потенцијални заинтересирани инвеститори во општина Охрид, изработена е тековно се ажурира брошурата „Invest in Ohrid“, како прва општина во Македонија која има изготвено ваков документ.
Од самиот почеток на преземањето на мандатот, формирана е канцеларија за давање на стручни совети на земјоделците, со што е овозможено побрз и поефикасен начин за добивање на информации на земјоделците, како и поквалитетна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и со другите институции поврзани со оваа област.

Она на што сите ние сме особено горди и претставува најголема сатисфакција за локалната, но и за сите граѓани на Охрид се превземените активности и добиените резултати во делот на интензивната и успешна туристичката- промоција на градот Охрид.

Во 2016 година Охрид беше во рекорден обем застапен на светските пишани и електронски медиуми. Маркетинг кампањата која Општина Охрид агресивно ја реализираше во претходните години и активностите кои беа преземени за промоција на Охрид резултираа со објави, репортажи и натписи во над 200 светски реномирани медиуми, телевизиски куќи, магазини, портали и сл. Убавините на Охрид како и туристичкиот потенцијал и понуда беа доволен мотив и инспирација за новинарите на телевизиските куќи како CNN, Еuro News, AL Jazeera, Russia TV, HRT, RTS, Tek Rumeli, TGRT HABER И TRT TURK и др., магазините и весници National Geographic, Healthy Hedonism, Vogue, Lonely Planet, Huffington Post, The Telegraph, New York Times, LA Times, Mirror, Washington Post, Daily Mail, Star2,  Agrophilia и други, како и на голем број регионални магазини, телевизии и портали.

Промотивните активности кои се преземаат се директен фактор за зголемување на интересот на странските туристички работни, како за инкорпорирање  на Охрид во структурата на своите пакет аранжмани, така и за отварање на нови директни авио линии кон Охрид. При тоа, направени се повеќе директни таргетирани промотивни настани на Охрид, и тоа во Прага, Виена, Стразбур, Белград,ДАлијан, тел авив, Ниш, Сараево и сл.

Воедно, секоја година во Охрид, традиционално се организираат повеќе манифестации со цел промовирање на туристичкиот потенцијал и разновидниот туристички производ на присутните гости, како: Манифестациите „Бело Лето“, „Охридска Софра“, „Вино и Сирење“, „Денови на медот“, „Ohrid Craft Expo“, за во 2016 за прв пат во Охрид се организира првиот светски фестивал Ohrid Calling, кој се очекува во иднина да стане регионален лидер во фестивалските настани.

Превземените активности неизбежно резултираат во перманентен раст и тоа и во посетеноста од домашните и од странските туристи со реализирани над 830.000 ноќевања од страна на над 230.000 посетители во 2016. Во последните 4 години порастот на странски посетители во просек се движи до 15% зголемување во однос на претходната година, додека во последните 2 години реализирани се по над 300.000 ноќевања на странски туристи годишно.

Особено важен е податокот дека во последните 3 години, не само што е стабилизиран бројот на домашни туристи (по речиси 7 години опаѓање), туку во последните 2 години нивниот број значително се зголемува. Така само во 2016 година од страна на околу 110.000 домашни туристи реализирани се над 530.000 ноќевања.

Перманентен раст бележи и Охридскиот Аеродром „Св. Апостол Павле“. Во 2016 година реализирани се 1446 воздухопловни операции (36% повеќе од 2015, или 76% повеќе од 2014), со 138.854 превезени патници (33% повеќе од 2015, или 104% повеќе од 2014),... што во голема мера се должи на позитивните мерки за развој на туризмот и субвенциите кои се имплементираат од страна на Владата на РМ и Локалната Самоуправа на Општина Охрид во комбинација со промотивните активности.

Одлучни во нашата определба за просперитетен Охрид, за Охрид кој не може да стои во место, за Охрид на охриѓани, но и Охрид за целиот свет.... продолжуваме!  

Посветено, Транспаретно и Енергично, НАПРЕД !!!

Ви благодарам.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1351  пати
Објавено на: 27.01.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©