Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНАА ПРЕДНОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНУВАЊА ВО ОХРИД
Untitled Document

Со  вклучување на раскошното светло на новогодишната елка на плоштадот “Св. Климент Охридски“,  и со културно уметничка програма во која учествуваа децата од танцовиот клуб “Соната“ и  од детската  градинка “Јасна Ристеска“ ,вечерва симболично  беше означен почетокот  на предновогодишните празнувања  во Охрид кои ќе траат до  31 декември.
Градоначалникот Бакрачески, кој  симболично  го означи почетокот на празнувањата  најави дека на плоштадот  секојдневно ќе има бројни настани и богата културно- уметничка програма на која ќе учествуваат охридските основни и средни училишта, детската градинка „ Јасна Ристеска“ , бројни културно-уметнички друштва,оркестри и ансамбли, балетски и танцови студија и  рок групи. 

-На 31 декември со почеток во 21 часот, за охриѓани,  домашните и странските туристи, ќе има богата забавна програма на која ќе настапат Владо Јанески, Петар Нечески и групата „ Камелеон“.  Празнувањата во Охрид ќе продолжат  и по  Новата Година и Божиќ. Локалната самоуправа ќе ги подржи традиционалните празнувања со палење на малските огнови за Ваилица – Стара Нова Година.  Годинава со богата четридневна програма ќе се одбележува и големиот христијански празник Богојавление- Водици. Покрај централниот настан, односно вадење на  Светиот крст од  езерските  води и одбележувањето на денот на рибарите, ќе има и неколку настапи на познати музички ѕвезди  меѓу кои ќе биде и  Каролина Гочева која ќе пее песни  од последниот албум, “Македонско девојче 2“, рече градоначалникот Бакрачески.   

Локалната самоуправа се погрижи годинава Охрид  да блесне во  беспрекорен новогодишен сјај   и да биде домаќин  на  бројни културни и забавни  настани од „ Свети Никола“ до завршувањето на Богојавленските празници. Со тоа  Општината придонесува  во  збогатување на туристичката понуда и промоција на Охрид како атрактивна дестинација и во зимските месеци.   

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1380  пати
Објавено на: 17.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©