Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРАЗНИКОТ ПОСВЕТЕН НА СВЕТИТЕ СОФИЈА ЉУБОВ ВЕРА И НАДЕЖ ОДБЕЛЕЖАН ВО ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески , присуствуваше на големиот црковно народен собир што  по повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж  денеска  се одржа во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид.
Заедно со бројни охриѓани, градоначалникот Бакрачески  ги проследи сите  верски обичаи кои се однесуваат на овој  празник и  молејќи се за добро здравје посака  денешниот  ден   да ги исполни со сила, верба и благослов сите верници.

Црквата во Лагадин пред 15 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод   2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.

По повод празникот  посветен на великомаченичките, утрово  света архиерејска литургија  се одржа и во катедралната црква Св. Софија  со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1344  пати
Објавено на: 30.09.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©