Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ РАСЧИСТУВА ПАТОТ ОРМАН- ЛАКОЧЕРЕЈ
Untitled Document

По налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид а во рамки на акцијата за расчистување на локалните и регионалните патишта на територијата на општина Охрид, денес екипи на Јавното претпријатие “Охридски комуналец“ започнаа со  расчистување на локалниот пат што води од селото Орман до селата Горно и Долно Лакочереј. Патот е во должина од 1 200 метри и  за неговото чистење  покрај оперативните екипи на ЈП “Охридски комуналец“ ќе се користи  и полесна механизација.

Акцијата се очекува да трае неколку дена и е продолжение на  акцијата  за расчистување на регионалниот пат Охрид - Св. Наум.
 Од Секторот за комунален развој при општина Охрид , најавуваат  чистење  на речиси сите локални патишта со цел   побезбедно  дочекување на  зимската сезона.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1277  пати
Објавено на: 03.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©