Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН- БАЈРАМ
Untitled Document

По повод големиот празник Рамазан- Бајрам, градоначалникот   Никола Бакрачески упати честитка до граѓаните  и верниците од исламска вероисповед со искрени желби за добро здравје, среќа, бериќет  и семејна хармонија.

-Нека племенитата симболика на празнувањето на Рамазан- Бајрам, во овие   денови ги исполни Вашите домови со  љубов, мир, среќа, радост, меѓусебно уважување и толеранција. Традицијата не научила меѓусебно да се почитуваме и да градиме заеднички соживот во чии основи се вградени универзалните хуманистички пораки кои взаемно си ги упатуваме, особено за време на големите верски празници. Уверен сум дека искрено ќе ги примите нашите честитки за овој голем празник со верба дека и во иднина заеднички  ќе  продолжиме да го унапредуваме соживотот, кој ќе не носи кон поголем просперитет на  Охрид, се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1350  пати
Објавено на: 27.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©