Делегација од Јужна Моравија предводена од раководителот на Комитетот за меѓународна соработка заедно со претставници од Црвен Крст од чешкиот град Брно денес беа во посета на општина Охрид.
![](pictures/03_05_2018_JUZNA_MORAVIJA_1.jpg)
На протоколарната средба со градоначалникот Јован Стојаноски се разговараше за учеството и презентација на Охрид на Саемот за туризам што е предвидено да се одржи во месец јануари 2019 година во Брно- Чешка.
Од страна на градоначалникот Јован Стојаноски беше истакнато дека општина Охрид е отворена за секаков вид соработка почнувајќи од сферата на туризмот како и соработка и збратимување со некој чешки град.
![](pictures/03_05_2018_JUZNA_MORAVIJA_2.jpg)
Претходно претставниците од црвениот Крст од Брно беа во посета на Црвен Крст – Охрид . Двете организации го презентираа својот начин на работа и беше заклучено дека во иднина ќе се реализира официјална меѓусебна соработка со што ќе се формира еден заеднички круг на функционирање Крагуевац- Охрид- Брно. |