Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ
Untitled Document

Територијалната противпожарна единица од Охрид, на пригоден начин, со дефиле на противпожарните возила и со презентација на опремата која ја поседува, го одбележа денот на пожарникарите 20-ти Мај.
Денот на пожарникарите им го честита и градоначалникот Никола Бакрачески, кој покрај честитките и искажаната почит за нивната работа, им посака да имаат што помалку случаи за решавање, особено оние во кои е загрозен човечкиот живот, успешно справување со предизвиците со кои често пати ризикувајќи ги своите, ги спасуваат животите на загрозените луѓе и материјалните добра.

Општо е задоволството, мое и на граѓаните на Охрид од работата и ефикасноста на оваа единица и од начините со кој тие секојдневно се справуваат со предизвиците на оваа тешка професија. Јас и Локална самоуправа особено ја почитуваме и поддржуваме  нивната благородна и хумана работа. Покрај тоа што се справуваат со спречување на пожари тие честопати учествуваат и во активности за спасување на животи при одредени елементарни непогоди, сообраќајни несреќи и други видови незгоди, додаде градоначалникот Бакрачески.

Командирот на противпожарната единица Спасе Прентоски, изрази голема благодарност до сите граѓани, а особено до градоначалникот и Локалната самоуправа што континуирано ја подржуваат и помагаат единицата.

Со задоволство можам да кажам, дека Територијалната противпожарна единица од Охрид, успешно ги врши сите свои активности во поглед на заштитата од пожари, заштитата на материјалните добра од пожари, при незгоди и сообраќајни несреќи. Оваа година до сега имаме 142 интервенции од кои 74 се на објекти, 66 интервенции се на отворен простор и 2 интервенции на сообраќајни средства, рече командирот Прентоски.

Според него покрај овие интервенции, противпожарната единица интервенирала и во четириесетина помали незгоди во секојдневието.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1343  пати
Објавено на: 20.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©