Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ РАСЧИСТИЈА 4 ДИВИ ДЕПОНИИ ВО СВ.СТЕФАН
Untitled Document

Ј.П.Охридски Комуналец спроведе акција за расчистување на  диви депонии на четири  локации во нас.Свети Стефан (од плажа ‘Горица 3′ до поранешната детска болница). И оваа акција се спроведе по налог на Комуналната инспекција и се расчистуваше градежен шут, зелен отпад и комунален отпад, кој несовени граѓани и правни субјекти, чистејќи ги своите имоти, ги деградирале горе наведените локации. Ангажирана беше специјална механизација, 4 работници и подигнати се околу 30 м3 отпад.

Во интерес на туризмот и граѓаните, ниската еколошка свест на поединци, не смее да го нарушува имиџот кој го негува Охрид како наш најпознат туристички центар.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1232  пати
Објавено на: 11.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©