Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, во рамки на Интернационалната конференција на главни градови што се одржува во Израел , имаше прием во кабинетот на Премиерот Бенјамин Нетанјаху а оствари средба и работна вечера со градоначалникот на Ерусалим Нир Баркат .Меѓу другото беше остварена и работна средба со менаџментот на врвниот институт за срце кој е дел од најголемата болница во Ерусалим - Хадеса еин Карем.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/izrael_2015_4001.jpg)
Во рамките на интернационалната конференцијата на градоначалници во Израел, градоначалникот Никола Бакрачески беше во посета и работен ручек на израелското министерство за надворешни работи каде домаќин беше заменик министерот г- ѓата Ципи Хотовели, а веднаш потоа оствари работна средба со Израелскиот амбасадор во Македонија, г- динот Дан Ориан.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/izrael_2015_4002.jpg)
Градоначалникот Бакрачески имаше прием во кабинетот на Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, кој ја поздрави конференцијата и изрази надеж за идна успешна соработка меѓу различните градови од различни држави.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/izrael_2015_400.jpg)
Вечерта градоначалникот на Охрид се сретна со градоначалникот на Ерусалим Нир Баркат при што беа прецизирани концепти за идна заедничка соработка.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/izrael_2015_4003.jpg)
Во рамки на посета во Ерусалим, Бакрачески имаше работна средба со менаџментот на најголемата болницата во Израел, Хадеса - еин Карем во Ерусалим, каде беа договорени модели за соработка со Заводот за Кардиоваскуларни Заболувања во Охрид, особено во делот на интервентната Кардиологија
Извор: www.ohrid.gov.mk |