Градоначалникот на Охрид , Никола Бакрачески од рано утрово е на терен со цел да утврди со какви последици се соочуваат охриѓани и мештаните од приградските населби по дводневното невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег што го зафатија охридскиот регион.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Februar_poplavi_4851.jpg)
По дојава од Кризниот штаб,Градоначалникот заедно со својот тим на лице место ги констатираше последиците од поплавените предели во населбата Даљан на улица “Сатеска“,на пресекот на улиците “Дејан Војвода“ и “Стив Наумов“ и на ул. “Аџи Мустафа“ во населбата Воска.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Februar_poplavi_4855.jpg)
По извршениот увид,по налог на Градоначалникот, стручните екипи од општина Охрид , добија задолжение дополнително да обезбедат пумпи со цел полесно да се излева навлезената вода од домовите .
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Februar_poplavi_4852.jpg)
Освен првичната техничка помош која што на лице место ја добија граѓаните од оштетените домов,Градоначалникот вети и исплата на оштета од предизвиканата штета на загрозените семејства ,за чија цел уште утре ,2-ри февруари, ќе биде формирана и посебна комисија при општина Охрид.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Februar_poplavi_4853.jpg)
Градоначалникот Бакрачески, и стручните служби на општина Охрид во корелација со Кризниот штаб и наредниве денови будно ќе ја следат ново настанатата ситуација со поплавите на територијата на општина Охрид, предизвикани од повисокиот водостој на реките,каналите и канализациската мрежа.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Februar_poplavi_4854.jpg)
Инаку во текот на ноќта екипи на ЈП “Охридски комуналец“ со целокупната механизација и работен потенцијал активно работеа на чистење на снегот од улиците и тротоарите низ Охрид, додека екипи на ЈП “Водовод“ и ЈП “Нискоградба“ со својата механизација вршеа чистење на каналите и реките низ Општината.
Извор: www.ohrid.gov.mk |