Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ ВО ПРЕДУЧИЛИШНИТЕ УСТАНОВИ
Untitled Document

Претставници од општина Охрид и од  ЈОУДГ „Јасна Ристеска“,  зедоа учество на работилница на тема „Воведување на почит кон различности и мултикултурализам во раниот детски развој“ што   вчера се одржа во  Скопје.  Целта  на работната средба беше  зајакнување на локалните капацитети за прифаќање и почитување на различностите. Работилницата се спроведе во рамки на програмата за воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во установи за згрижување на деца од предучилишна возраст. Во рамки на активностите на оваа програма ќе бидат вклучени 10 пилот општини и тоа: Охрид, Битола, Куманово, Тетово, Гостивар, Аеродром, Кичево, Кочани, Чаир и Гази Баба.   Програмата е поддржана од  Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ и Британската амбасада.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1319  пати
Објавено на: 08.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©