Синоќа во Трпејца, македонското Сен Тропе со изложбата на слики од Свето Стефаноски и настапот на брачното дуо ДИС во присуство на голем број посетители во една летна опуштена атмосфера започна седмото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“.
![](pictures/20_07_2018_NAZAJDISONCE_5.jpg)
Во името на покровителот на манифестацијата Општина Охрид кој е нејзин поддржувач од самиот почеток пред трпејчани и бројните гости меѓу кои и пратеничката во македонскиот парламент Жаклина Лазареска летото за отворено го прогласи претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска:
![](pictures/20_07_2018_NAZAJDISONCE_4.jpg)
-Трпејца е божествено место лоцирано меѓу пазувите на планината Галичица и Охридското Езеро . Само овде на чудесен начин во бистрите води на езерото се прекршуваат изгрејсонцата и зајдисонцата и создаваат чувство на спокој, уживање и ширење на позитивна енергија. Прекрасниот амбиент на Трпејца се надополнува со содржините на манифестацијата „На зајдисонце “.И за мештаните и за туристите тоа е хармонична поврзаност која создава нова димензија на аткивен летен одмор карактеристичен за малите, но познати светски туристички места, рече Ангелоска.
![](pictures/20_07_2018_NAZAJDISONCE_3.jpg)
На позната сцена „кај Бунарот“ беше отворена изложба на мал дел од богата ликовна палета од експресивни моменти, создадени со силен естетски и душевен порив, од страна на уметникот Свето Стефаноски. Тој е новинар, публицист, екологист и ликовен уметник кој живее на релацијата Скопје – Охрид а неговите слики досега биле изложувани на повеќе групни и самостојни претставувања во и надвор од Македонија.
![](pictures/20_07_2018_NAZAJDISONCE_2.jpg)
Чинот на отворањето на седмото „На зајдисонце“ во Трпејца кое годинава е финансиски помогнато и од Министерството за култура со свој музичко – артистички настап го збогатија и заокружија Стеафни Стефановска и Денис Мурат – споени во дуото ДИС и од неодамна брачна двојка . Тие како што најчесто се вели за прекрасните изведби на грст македонски забавни евергрини од публиката добија овации на отворена сцена .
![](pictures/20_07_2018_NAZAJDISONCE_1.jpg)
Стефани и Денис скопско – охридската двојка ветија и дека догодина ќе дојдат во Трпејца со нов репертоар и сопствени нумети кои забрзано ги работат и наскоро ќе бидат пуштени во етерот.
Вечерва „На зајдисонце во 20 часот во Трпејца следи атрактивната променада „Со кајче по езерото“ на која деца – млади музичари од ОМУ „Методи Патче“ же музицираат во кајчина а публиката ќе ги слуша и гледа од брегот и неколкуте кафеани. Мал музички перформас младите виртуози ќе имаат и на традиционалната сцена а потоа ќе биде отворена изложбата ЗАЕДНО која е дел од проектот на здружението „За Трпејца со љубов“ и „Интелектуална жена“ од Поградец – Албанија. Се работи за фотографии од природните убавини но и на показ е негрижата на човекот на двете страни од езерото.
Утре, недела во 11 часот е традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ а вечерта ќе се претстават учениците од подрачно ОУ „Св. Наум Охридски“ од Трпејца со проектот И НИЕ МОЖЕМЕ а веднаш потоа по традиција ќе следи презентацијата на невладината ОПЦИЈА од Охрид под наслов: ИНФОРМАЦИЈАТА Е НАЈДОБРА ПРЕВЕНЦИЈА. |