Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА
Untitled Document

Во Секторот за внатрешни работи во Охрид, денеска свечено беше одбележан 7-ми мај , Денот на Македонската полиција. На свеченоста, се обрати и претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, која изрази задоволство од соработката на локалната самоуправа со СВР Охрид и резултатите кои ги постигнува секторот во својата работа, резултати кои  директно влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните во Охрид и се одразуваат врз квалитетот на престојот на сите оние кои го посетуваат градот.

- Задоволство е што неколку години по ред Охрид го потврдува имиџот на мирен и безбеден град. Бројот на несакани настани од типот на нарушување на јавниот ред и мир се намалува и тоа е нешто за што сите ние како граѓани и вработени треба да им се заблагодариме на вработените во секторот, рече Коњановска.

Според началникот на СВР Охрид Оливер Ефтимов, полицијата работи професионално и посветено, со целосно почитување на човековите права.

„ СВР Охрид на целото пoдрачје кое го покрива, своите обврски на безбедносен план ги извршува професионално, пожртвувано и посветено. Законитоста во работењето, професионализмот, транспарентноста се основниот белег во нашата комплексна и легитимна полициска работа“ , рече на денешната свеченост по повод Денот на македонската полиција, началникот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Оливер Ефтимов.

Во рамки на одбележувањето на празникот, претставници на СВР Охрид, денес ја посетија детската градинка „Јасна Ристеска“ каде присуствуваа на пригодна претстава. Децата од градинката заедно со ученици од ОУ ,,Братство и единство“, го посетија Секторот за внатрешни работи Охрид, каде се запознаа со работата на СВР Охрид и имаа можност да видат дел од  опремата и материјално-техничките средства од полицијата и Територијалната против-пожарна единица од Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1446  пати
Објавено на: 07.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©