Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ОХРИД И ПОГРАДЕЦ
Untitled Document

Градоначалникот, Никола Бакрачески, денеска  во Охрид оствари  работна средба со градоначалникот   на  албанскиот град  Поградец , Едуард Капри.

            На средбата беше заклучено дека неопходна е поголема соработка   меѓу општините, Охрид од македонска  и Поградец од албанска страна во делот на заштита на  Охридското Езеро во насока на  заедничко привлекување средства од Европски фондови или Влади како и градење на заедничка  платформа за развој на туризмот.

  

          Наредниов период се очекува  двајцата градоначалници да потпишат меморандум за соработка и формирање комитет со две комисии  по што се  предвидува одржување на континуирани  состаноци  на менаџментот од двете локални самоуправи  на кои ќе се носат заеднички заклучоци за допирни точки во насока на успешно градење на заедничка стратегија за развој на туризмот  и заштита на природното наследство. 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1336  пати
Објавено на: 11.12.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©